Победа на навивачката страст против политиката – Ултрас на Херта е нов претседател на клубот, на избори декласира поранешeн пратеник од ЦДУ

Херта Берлин има нов претседател, а новото поглавје ќе го пишува под команда на големиот навивач на клубот, Кај Бернштејн.

Бернштејн порано припаѓаше на една од најжестоките навивачки групи на Херта, на Ултрасите од „Харлекинс Берлин 98“, а сега победи на изборите со 1670 гласа од вкупно 3016.

Трката беше возбудлива, а Кај го победи ривалот Франк Штефл, кој е поранешен пратеник на ЦДУ во Бундестагот.

Штефл доби 1280 гласа, а дел од симпатизерите на Херта велат дека ова е победа на навивачката страст против политиката.

Бернштајн е менаџер за комуникации и веднаш изјави дека клубот е на интензивна нега и мора да оздрави и да се врати на патеките на успехот како стабилен прволигаш.

Двојниот германски шампион се спаси од испаѓање од Бундеслигата во последен момент, откако беше подобар од Хамбургер во бараж двомеч за последниот билет за идната сезона во германската Прва Лига.

Кормилото на клубот од Берлин по 14 години владеење го напушти Вернер Гегенбауер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести