Победија само еднаш во 10 кола и нормално е да „лета“ тренерот

Вчерашниот пораз на Бетис на гостувањето кај Атлетик Билбао, значеше и крај за работата на тренерот Руби. Челниците на Бетис решија да му дадат отказ на стратегот, а на негово место е назначен досегашниот спортски координатор на клубот Алексис Трухилјо, кој ќе ја води екипата до крајот на сезоната.

Бетис е во очајна форма и има само една победа во последните 10 првенствени дуели, што значеше и црвен аларм. По 30 одиграни кола, Бетис уште е сигурен од испаѓање, затоа што има 34 бодови, дури осум повеќе од 18-то пласираната Мајорка.

Сепак, сезонава целта на Бетис беше да се бори за излез во Европа, а не да биде во долниот дел на табелата, па затоа и овој отказ на тренерот не е неочекувана одлука.

 

- Оглас -

Најнови вести