Почека да ја прослави титулата на својот Ливерпул, па замина во пензија

Милан Барош објави дека ја завршува фудбалската кариера на 38 години, а моментот се поклопи со прославата на титулата на неговиот поранешен клуб Ливерпул.

Три сезони од 2002 до 2005 година опасниот напаѓач го носеше дресот со црвени бои на Ливеррпул и во тој период стана и најдобар стрелец на Европското првенство во 2004 година, кога со репрезентацијата на Чешка стигна до полуфиналето.

Во последната сезона што ја играше за Ливерпул стана и европски првак со победа против Милан во едно од најдобрите финалиња во Лигата на шампионите. Црвените од „Енфилд роуд“ во мај 2005 година во Истанбул анулираа негатива од 0:3, израмнија на 3:3, а потоа на пенали го освоија пехарот.

Барош во богатата кариера играше и за Астон вила, Лион, Портсмут, Галатасарај, Анталијаспор и неколку чешки клубови, а во пензија си замина од Бањик Острава.

За чешката репрезентација Барош одигра 93 натпревари и постигна 41 гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести