Почина јужно-африканска фудбалска легенда

Легендарниот фудбалер од Јужноафриканската република, Филемон „Фил“ Масинга, почина на 49-годишна возраст. Не се објавени повеќе детали околу смртта, но од крајот на декември, тој бил хоспитализиран, а во последните денови состојбата му се влошила.

Во неговата родна земја, никогаш нема да го заборават голот против Конго во 1997 година, со кој ЈАР се пласираше на Светското првенство во Франција 1998. Во 1996, тој беше член на тимот ко го освои африканското првенство.

Масинга во 1994 година почна да игра во Европа, две години го носеше дресот на Лидс (таму играше заедно со сонародникот Лукас Радебе), потоа прејде во Сент Гален, кратко беше и во Салернитана, а од 1997 до 2001 беше во калчолигашот Бари, пред во 2002 година да ја заврши кариерата играјќи за Ал Вахда во Саудиска Арабија. За националниот тим играше од 1992 до 2001, и даде 18 гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести