Почина легендарен водач на Делиите, прв воведе користење мегафон

Еден од најистакнатите и најдолговечни навивачи на Црвена ѕвезда, Мирко познат како Талијан, почина. Тој беше припадник на старата гарда на Делиите и водач во 70-тите и 80-тите години од минатиот век.

Мирко во 1963 година прв воведе мегафон како незаобиколен реквизит во организација на навивањето, а беше и еден од првите кои со обележја на Ѕвезда влезе на трибина со фанови на Партизан, нешто што е незамисливо во денешно време. Тоа било во времето кога Ѕвезда како домаќин играла на стадионот „ЈНА“, пред да биде изградена популарната „Маракана“, која сега се вика „Рајко Митиќ“.

Мирко имаше проблем со шеќерот, беше во количка откако му ја ампутираа ногата, а сето тоа беше последица од еден инцидент кога сакал да спаси едно младо лице, па напаѓачот го застрелал со пиштол во ногата.

Вечерва Ѕвезда има гостување кај Копенхаген и ќе има тешка задача да се избори за место во плејофот за Лигата на шампионите, а ако победат, победата би му ја посветиле и на покојниот Мирко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести