Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Србија, Драган Лабовиќ почина во Прокупље и тоа само еден месец откако го прослави 38 роденден. Лабовиќ важеше за голем талент на ФМП и српската кошарка, а интернационалната кариера ја градеше играјќи во Грција, Германија, Русија, Полска, турција, Романија, Македонија и Финска. кариерата ја заврши во 2019 година.
Лабовиќ во Македонија играше една сезона во тимот на Карпош Соколи, сезоната кога скопскиот тим беше дел од АБА лигата.
Во текот на кариерата Лабовиќ го одбележа и скандал караницата со селекторот Душан Дуда Ивковиќ, откако не се најде на списокот во националниот тим во 2012 година. Имаше и психолошки проблеми и беше на лечење во психијатриска установа.
„Го допрев дното, но тоа е добро, затоа што сега почнувам од почеток. Самиот на себе си дадов една година за да се доведам во ред. Се залежав, малку и здравјето ми е кревко. Загубив мотивација. Млад сум и се надевам дека има време да ги исправам кривите работи што сум ги направил“, неодамна рече Лабовиќ во поткастот „Јао Миле“.