Почина првиот човек на Вест хем!

На неколку часа пред мечот со Лидс од Премиер лигата, почина еден од двајцата сопственици на Вест хем.

Дејвид Голд имаше 86 години, а почина денеска по кратко боледување. Тој цел живот навиваше за Вест хем, а во 2010 година доби прилика да го води клубот заедно со Дејвид Саливен.

Оваа лоша вест доаѓа во незгоден момент за клубот, кога имаат долга серија порази во Премиер лигата, и се борат за опстанок, а вечерва гостуваат кај Лидс кој е само малку над нив на табелата.

- Оглас -

Најнови вести