Одбраната на Брегот на Слонова Коска ќе биде на тежок испит

8007 Дубаи – Партизан (18.00 часот)

Ова е прв меч од финалето на АБА-лигата кое се игра во три добиени средби. Двата тима се евролигаши, а Дубаи ќе се обиде првпат да ја освои титулата во регионалната лига, во која некогаш играа тимови само од просторите на поранешна Југославија. По неколку месеци, Дубаи се враќа во својата сала, а од друга страна, Партизан оди по рекордната деветта титула во јадранската лига. Традицијата покажува дека кога овие два тима играле еден против друг, секогаш победувал тој што е домаќин. На Партизан за титула ќе му треба барем една победа на гости во Дубаи.

Предлог тип: 1 & <171.50 (2.60)

 

6859 Шведска – Грција (19.00 часот)

Швеѓаните пред патот во Америка, каде што ги чекаат настапи на Светско првенство, на свој терен ќе одиграат пријателски меч со Грција која не е учесник на Мундијалот и нема да има претерано големи мотиви. Шведска има серија од пет натпревари по ред на кои и дава и прима гол. Нашите јужни соседи немаат дадено гол на последните три меча од кои два беа пријателски.

Предлог тип: 1 (2.01)

 

6860 Шпанија – Ирак (21.00 часот)

Само пред четири дена на стадионот во Ла Коруња имаше големо славење и теренот беше оштетен, па неизвесно беше дали овој меч со Ирак ќе се игра таму. Црвената фурија е апсолутен фаворит и тука проблемот е да се предвиди со колку голови разлика ќе го победат Ирак, кој исто така ќе игра на СП 2026, местото го обезбеди со победа во интерконтиненталниот бараж над Боливија. Пред  неколку дена, Ирак ја победи Андора со 1-0, но Шпанија е нешто друго.

Предлог тип: 1 & 2-3 пол. (2.12)

 

6861 Франција – Брег на Сл. Коска  (21.10 часот)

Овој дуел во Нант е генерална проба за Слоновите пред Светското првенство, додека Французите за четири дена ќе имаат уште една контрола. Во африканскиот национален тим има осуммина фудбалери родени во Франција. Галските петли имаат серија од 11 средби по ред на кои постигнуваат два или повеќе голови. И Брегот на Слонова Коска нема играно од март, кога во контролен меч ја победија Шкотска со 1-0.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.84)

 

5614 ФАР Рабат – Дифаа (22.00 часот)

ФАР Рабат во моментов е трети на табелата, но има само три бода помалку од лидерот во мароканската лига. Овој тим нема пораз, но има дури 11 нерешени резултати (три во последните  четири кола) од 21 одигран меч. Дифаа Ел Жадиди има 11 бода помалку од домаќинот, тие се тим со девет ремија во досега 21 одиграно коло, играа нерешено во секое од претходните три кола. Последниот пат кога се сретнаа, лани во ноември, ФАР како гостин победи со 4-0.

Предлог тип:& ГГ (2.35)

- Оглас -

Најнови вести