Почнаа да го слават голот, но снегот реши дека не треба да е гол! (Видео)

Баер Леверкузен победи на гостувањето кај Хановер со 3-2, а најголема заслуга за победата на гостите има снегот! Токму така, снегот многу помогна за Баер да стигне до трите бода. Хановер е пред испаѓање од Бундеслигата и секој бод му е повеќе од скапоцен. За нивна жал, синоќа против Баер Леверкузен заслужија да останат непоразени, но снегот ги спречи.

Генки излезе сам пред гостинскиот голман, успеа да го помине и остана само да ја погоди празната мрежа. Упати прецизен удар, но сепак не доволно силен. На патот кон голот, топката едноставно заглави во снегот и застана неспоредно пред гол-линијата, а потоа еден гостински играч ја расчисти опасноста.

Дваесет и петтото коло во Бундеслигата ќе се комплетира вечерва, со дуелот меѓу Фортуна Дизелдорф и Ајнтрахт Франкфурт.

- Оглас -

Најнови вести