Почнаа ли калкулациите? Сенегал и Малави едвај шутнаа на гол, одиграа реми без голови што им одговара

Сенегал и Малави одиграа скромен меч во Бафусам и ремизираа без голови, исход што им одговара на двете селекции за пласман во следниот круг.

Сенегалците предводени од Садио Мане се обидуваа да постигнат победнички гол, имаа три директни удари кон голот на ривалот, а и со реми го освоија првото место во групата и одат понатаму.

Малави ретко го минуваше центарот на игралиштето и освои еден бод без шут кон голот на Менди, што може да биде поволно за нив во битката со шесте третопласирани селекции, од кои четири ќе се пласираат понатаму.

Гвинеја неочекувано загуби од Зимбабве со 1:2, но сепак ќе игра во следната фаза, заедно со Сенегал, како второпласирана селекција од Б групата.

Сенегал го освои првото место со 5 бода, Гвинеја е втора со четири бода, ист ефект има и Малави и иста гол-разлика 2:2, но го загуби дуелот со Гвинејците и поради тоа се трети во групата.

Победата на Зимбабве денеска е пирова и тие испаднаа како последни во групата со три бода.

 

- Оглас -

Најнови вести