Почнува „чистката“ на СП, кому што му треба денеска за да избегне пакување на куферите?

И денеска на Светското првенство во Катар ќе се играат четири меча, но во два термини, од 16 и 20 часот, бидејќи ова е последно коло од фазата по групи, па по два меча ќе се играат во исто време за да се намали ризикот од манипулации.

Многумина велат дека всушност денеска почнува вистинскиот Мундијал бидејќи ќе почне „чистката“ на најслабите, а остануваат само најдобрите 16.

Во групата А, ситуацијата не е многу замрсена. Домаќинот Катар испадна и нема шанса за осминафинале, а денеска игра со Холандија, која и со бод е осминафиналист. Холандија може да испадне само ако загуби од Катар со поголема разлика од евентуалниот пораз на Еквадор од Сенегал.

Сенегал и Еквадор во директен дуел одлучуваат кој оди во осминафинале, а кој дома. На Сенегалците им одговара само победа и ништо друго.

Во групата Б има две дербија. САД мора да победи против Иран, во секое друго сценарио Американците испаѓаат. Иран со победа сигурно оди понатаму, а и бод му е доволен ако Англија не загуби од Велс.

На Англичаните им треба барем бод против Велс, а теоретски Англија може и да испадне доколку загуби убедливо од Велс, а на мечот Иран – САД има победник. На Велс му треба победа над Англија и притоа Иран и САД да одиграат нерешено.

- Оглас -

Најнови вести