Почнува најголемиот Еспорт турнир, Македонија ќе навива за Сакса

Десеттото издание на интернационалниот турнир во Дота 2 ќе започне денеска, во 09:00 часот, со првите натпревари од групната фаза.

Најголемиот и најбогатиот турнир во Еспортовите, кој има награден фонд од 40 милиони долари, ќе се одржи во Букурешт, на Nационалната арена, токму каде што Македонија настапуваше пред неколку месеци.

Интересно е што нашата држава ќе биде претставувана преку Мартин Сакса Саздов, кој настапува за екипата на ОГ, кои важат за едни од најголемите фаворити за освојување на титулата.

Токму овој тим е и најуспешен на ова натпреварување со две освоени титули. Сепак, во преден план, како и во фудбалската Лига на шампиони така и тука, е ПСЖ, кој го има собрано најдоброто од овој спорт.

ОГ во првото коло од групната фаза ќе се соочи со Алајенс, и тоа за неполн час, а овој, како и останатите натпревари, ги имате во денешната понуда на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести