Почнува најинтересниот плејоф во Евролигата во последните сезони

Кошаркарската Евролига влегува во плејоф-фазата кога осум тима ќе се борат да дојдат до фајнал-форот. Изедначеноста е голема, а иако домашните екипи се фаворити на хартија во првите четвртфинални дуели, тоа не значи дека сигурно ќе одат на финалниот турнир во „ОАКА“ во Атина.

Четвртфиналето се игра во три добиени натпревари и секакви исходи се можни, во плејофот важен фактор е и искуството.

Валенсија пред 19 дена го растури Панатинаикос со 102-84, но сега во плејофот ПАО ќе биде многу опасен, затоа што има многу скап тим со тренер и играчи кои знаат како е да се освои Евролигата. Плус тоа Панатинаикос ќе има огромна желба да дојде до фајналфор затоа што завршниот турнир ќе се игра во нивната сала. Валенсија е одличен тим кој беше втор во регуларната сезона, а ова ќе биде дуел и на екипи кои имаат по еден Американец со македонски пасош, Омари Мур од Валенсија и Ти Џеј Шортс од Панатинаикос, па еден наш репрезентативец ќе игра на финалниот турнир.

Фенербахче, кој е актуелен европски првак, до нов фајналфор ќе проба да стигне преку Жалгирис, од којшто губеше двапати во лигашкиот дел, а тоа важи и за Олимпијакос, кој беше прв во лигашкиот дел и според квотите во Sport Life, е голем фаворит против Монако, но Монако двапати го победи Олимпијакос сезонава.

- Оглас -

Најнови вести