Македонските кадетки го освоија среброто на Светското првенство во училиштен спорт

Македонската женска кадетска репрезентација загуби од врсничките од Хрватска со 28:26 во финалето на Светското ракометно првенство во училиштен спорт. Во мечот за златниот медал кој се играше во салата „Јане Сандански“ кадетките на Македонија првпат киксираа на овој шампионат, а тоа значеше освојуваше на сребрениот медал.

Нашите ракометарки одлично го отворија финалето и по првите пет минути поведовме со 5:1, по што гостите побараа тајмаут. Следуваше серија од три гола за Коцкестите, период во кој ние промашивме и еден пенал и разликата беше намалена само на еден разлика (5:4 во 10-тата минута).

Потоа Македонија даде гол за 6:4, но тоа не го сопре налетот на Хрватска, која продолжи со одлична игра, па по 18 минути стигнаа до водство од 8:6. Во 21-вата минута беше 9:9, а потоа и 11:11 во 26-тата минута. Во финишот на првото полувреме Хрватска со серија од 4:1 стигна до водство од 15:12 на полувреме.

Во второто полувреме Хрватска продолжи со добра игра и во 37-мата минута првпат поведе со пет разлика (19:14), а на иста негатива македонските кадетки беа и по 44-тата минути игра, кога беше 17:22. Следуваше мини-серија од два гола на Македонија, а во последните 10 минути резултатот беше 23:20 за Хрватска.

Нашите надежи во последните 10 минути влегоа со негатива од три разлика, a во 56-тата минута стигнаа до 24:25. Сепак, немаа сили за комплетен пресврт. Направивме две технички грешки во нападот, а Хрватска тоа веднаш го казни и поведе со 28:24 во завршните три минути.

- Оглас -

Најнови вести