28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Почнува најлудата фудбалска недела во историјата, секој ден елиминациски европски мечеви

Доколку сте љубител на фудбалот, тогаш сакате да гледате елиминациски мечеви од Лигата на Европа и Лигата на шампионите, а тоа задоволство ви се пружа во текот на оваа недела. Од денеска до сабота, секој ден ќе има еден или два натпревари од овие клупски натпреварувања и тоа е уживање какво што не се памети во историјата на фудбалот, особено не во август.

Маратонот почнува вечерва, во 21 часот, кога во Дизелдорф, Интер игра со Баер Леверкузен, а истовремено во Келн, Манчестер јунајтед со ФК Копенхаген. Утре силите ќе си ги одмерат Севилја и Вулверхемптон во Дуизбург, како и Шахтар со Базел во Гелзенкирхен.

Од среда до сабота, секоја вечер од 21 часот во Лисабон ќе се играат четвртфиналните дуели од ЛШ. В среда ќе видиме дали полуфиналист ќе стане ефикасната и симпатична Аталанта или скапиот тим на ПСЖ, потоа в четврток на ред е пресметката на Атлетико Мадрид и Лајпциг, в петок е дербито Барселона – Баерн, додека в сабота играат Манчестер сити и Лион.

- Оглас -

Најнови вести