Почнува олимпискиот турнир во фудбал, еден тим е огромен фаворит за златото

По завршување на Европското првенство, од денеска стартуваат нови фудбалски репрезентативни возбудувања. Започнува олимпискиот турнир во Јапонија, а мечевите освен во Токио, ќе се играат уште во шест други градови.

Првиот меч на ова натпреварување ќе го одиграат селекциите на Египет и Шпанија. Токму Шпанија е репрезентацијата која ја има улогата на најголем фаворит за освојување на златото. Со фудбалери чија вредност се проценува на повеќе од половина милијарда евра, Црвената фурија не треба да има многу проблеми да стигне до престолот.

Во составот има неколку фудбалери кои беа стартери на неодамна завршеното ЕП. Тука се голманот Унаи Симон, дефанзивците Пау Торес и Ерик Гарсија, потоа најдобриот млад фудбалер на ЕП Педри, како и напаѓачите Дани Олмо и Микел Ојарзабал. Капитен на екипата е Дани Себалјос, а од играчите кои може да бидат повикани, а имаат повеќе од 23 години во составот е искусниот Марко Асенсио од Реал Мадрид.

Во првиот ден од турнирот ќе играат:

Египет – Шпанија 9:30 часот

Мексико – Франција 10 часот

Нов Зеланд – Јужна Кореја 10 часот

Брегот на Слоновата коска – Саудиска Арабија 10:30 часот

Аргентина – Австралија 12:30 часот

Хондурас – Романија 12:30 часот

Јапонија – Јужна Африка 12:30 часот

Бразил – Германија 13:30 часот

 

- Оглас -

Најнови вести