Почнува Премиер лигата: Ливерпул сака да се повтори сезоната 1976/77

Толку беше од летниот одмор. Започнува англиската Премиер лига. Ливерпул ја има честа на „Енфилд Роуд“ да ја отвори новата сезона и тоа на дуел против Норвич. Досега само еднаш се случило Ливерпул на стартот од првенството да игра против овој ривал и тоа во 1976 година. Победил со 1:0, а на крајот на тој шампионат, Ливерпул станал првак.

Црвените веќе 30 години чекаат титула во првенството, а сега веруваа дека повторно може да се случи исто сценарио како во 1976 година. Дали е такво нешто возможно, ќе почекаме да видиме во следните 10 месеци возбудувања на англиски фудбал. Останатите мечеви од првото коло се играат утре и задутре, а дербито е в недела на „Олд Трафорд“ помеѓу Манчестер јунајтед и Челзи.

Според коефициентите во Sport Life, Манчестер сити е главен фаворит за одбрана на титулата. Граѓаните се радуваа на трофејот во претходните две сезони и сега ќе одат на хет-трик. Како најголеми ривали на Сити ќе бидат Ливерпул. Сите останати клубови во Премиер лигата се со коефициенти над 20, за да бидат прваци, што значи дека се очекува да биде нешто слично како лани, кога Сити во последното коло се радуваше на трофејот со само еден бод пред Ливерпул, додека останатите заостануваа со двоцифрен број на поени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести