Се редат коцките: Ливерпул последен пат кога ја почна сезоната против Норвич стана англиски првак

Новата сезона во Премиер лигата официјално стартува на 9 август. Двете екипи кои ја имаат честа да ја отворат сезоната се Ливерпул и Норвич. Англискиот вицепрвак го пречекува новакот на „Енфилд“, а интересен е фактот што кога последен пат се случило ова, Црвените биле англиски шампиони.

Единствениот дуел меѓу Ливерпул и Норвич во прво коло од најелитното англиско натппреварување се одиграл на стартот од сезоната 1976/77. Црвените ја добиле таа средба со минимални 1-0, а потоа ја освоиле 10-тата титула во својата историја, и тоа со еден бод повеќе од второпласираниот Манчестер сити.

Токму Граѓаните како актуелни шампиони ќе бидат најголемите фаворити со Црвените во новата трка за титулата, а доколку Ливерпул тргне со победа против Норвич, историјата вели дека тие ќе бидат новите владетели со англискиот фудбал.

Што се однесува за директните дуели меѓу Сити и Ливерпул, главните кандидати за титула во ПЛ се закажани за 9 ноември на „Енфилд“, односно 4 април на „Етихад“.

- Оглас -

Најнови вести