Почнува спектаклот: Познати се двојките за разигрувањето во НБА-лигата (Фото)

Регуларниот дел од НБА-лигата заврши со синоќешните натпревари, а сега на ред е она највозбудливото, разигрувањето, кое ќе започне ноќта помеѓу вторник и среда по македонско време со натпреварите од плејинот.

Најдобрата екипа во регуларниот дел, Бостон, со 68 победи на 82 натпревари за противник ќе го има подобриот од дуелот помеѓу Чикаго и Атланта, додека актуелниот бранител на трофејот, Денвер, ќе се сретне со Њу Орлеанс или ЛА лејкерс.

Освен екипите кои ќе ги чекаат своите противници од плејинот, познати се и четири двојки од плејофот. На Западот вкрстуваат екипите на ЛА клиперс и Далас, како и Минесота и Феникс, додека на Истокот ќе играат Кливленд и Орландо, додека Милвоки за противник ја има Индијана.

- Оглас -

Најнови вести