Подарок за роденден: Том Брејди потпиша нов договор со Њу Ингланд

Ѕвездата на актуелниот НФЛ шампион Њу Ингланд пејтриотс, Том Брејди, се согласи на нов двегодишен договор. Платата ќе му се зголемува секоја наредна година, Брејди сега ќе добие 23 милиони долари, следната година на сметка ќе му легнат дополнителни 30 милиони долари, додека во 2021 година ќе инкасира уште 32 милиони долари.

Трофејниот квотербек кој од 2000 година е лидер на Патриотите, не планира да се пензионира и на полни 42 години, а клубот одлучи да му го даде најубавиот подарок за роденден, со оглед на тоа дека вчера го прослави.

Со новата соработка Брејди ќе има шанса да додаде уште една титула во колекцијата од шест шампионски прстени, додека трипати досега бил избран за МВП во регуларната сезона, а еднаш повеќе ја доби индивидуалната награда за најкорисен играч на Супербоул.

- Оглас -

Најнови вести