Подарокот од Матераци го израдува шефот Биното, и му донесе среќа на Ферари

Пред Формула 1 трката за Големата награда на Австралија која рано утрово се возеше на „Алберт парк“ во Мелбурн и заврши со победа на Шарл Леклер од Ферари, пилотите на италијанскиот тим, како и нивниот тимски шеф, добија специјални подароци.

Поранешниот фудбалер на Интер, Марко Матераци, на возачите Леклер и Карлос Саинс им подари негови дресови на Интер со бројот 23, а на шефот на Ферари, Матија Биното, му даде дрес со 23-ка, со презимето Биното на грбот и потписи од играчите. Биното е фан на Интер и беше најзадоволен од подарокот.

Од Ферари потврдија дека иако носи маска, се гледа насмевката на Биното.

- Оглас -

Најнови вести