Леклер победи во Австралија ама сите говорат за неверојатниот подвиг на друг возач

Шарл Леклер имаше доминантен викенд на „Алберт Парк“ кој го круниса со убедлив триумф пред конкурентите. Возачот на Ферари стигна до втората победа по три извозени трки и со тоа ја најави кандидатурата за титулата во Формула 1.

Иако Моначанецот беше избран за возач на денот, сепак сите зборуваат за неверојатниот подвиг на Алекс Албон. Тој во болидот на Вилијамс тргна од последното, 20-то место за на крај да заврши под број десет.

Уште поимпресивен е податокот дека тој 57 кругови возеше со еден пар на тврди гуми, а во последниот круг, бидејќи така наложуваат правилата на ФИА. Сепак, тоа не го попречи славјето на Албон кој што направи навистина неверојатен подвиг и го донесе првиот поен за себе но и за тимот.

Со тоа, по три извозени трки, единствен тим кој што нема освоено бодови е Астон Мартин, додека напред на врвот е Ферари со 104 бода.

- Оглас -

Најнови вести