Податок што ќе ве изненади: Топчиите се најголеми трошаџии во Англија, единствени дадоа над 300 милиони евра за засилувања (Фото)

Арсенал направи голем пресврт и од лани летото е најголем трошаџија во Премиер лигата кога станува збор за трансфер-периодите.

Популарните Топчии не трошеа премногу во последните десетина години и тоа беше и најголемата забелешка на навивачите кон раководството на клубот, па сега има голем пресврт и Стен Кренке, кој е прв човек на клубот, го одврза кесето.

Арсенал потроши точно 330 милиони евра во последните три преодни рока, лани летото, оваа зима и ова лето.

Ниту еден друг клуб не потроши над 300 милиони евра, што е изненадување и со лидерската позиција за Арсенал и со многу поскромното трошење на Манчестер сити, Челзи и Манчестер јунајтед.

[Sky Sports] PL transfer spend since summer 2021 from soccer

- Оглас -

Најнови вести