Подготвен е… (фото)

Манчестер јунајтед утре во 15 часот ја започнува својата мисија во Премиер лигата. Во дуелот против Брајтон ќе дебитира Ерик Тен Хаг на клупата на Црвените ѓаволи, а сите ги интересира дали холандскиот стратег ќе смета на Кристијано Роналдо.

Ако се прашува Португалецот, тој очекува да се најде во составот. Роналдо преку својот инстаграм-профил посочи дека е подготвен за новата сезона, иако и понатаму врши притисок за трансфер.

Дилемата околу тоа дали ќе го има на списокот играчи за мечот против Галебите, е поради неговото непрофесионално однесување во пријателската против Рајо Валјекано пред една недела. Роналдо беше стартер, одигра едно полувреме и наместо да чека крај на контролката, тој го напушти „Олд трафорд“ многу порано. Тен Хаг остро реагираше и најави дека ќе има последици.

- Оглас -

Најнови вести