Подготвени се на сите клубови да им плаќа приватни летови само првенството да се доигра

По двомесечната пауза, Шпанците на големо се подготвуваат за продолжување на сезоната. Клубовите започнаа со тренинзи, а се очекува возбудувањата на теренот да се вратат на 12 јуни или најдоцна една недела потоа. Клубовите изразија желба првенството да продолжи, а челниците на Ла Лига инсистираат да се доиграат сите мечеви, за да може да ги добијат парите од телевизиските права.

Како помош за клубовите, првите луѓе на лигата понудија да го платат патот на сите клубови кога ќе играат на гостински терен. Најавено е дека ќе им се обезбедат приватни авиони, а трошокот ќе биде на терет на лигата.

Според моменталниот план, се очекува да се направи распоред сите клубови да играат по еден меч на 72 часа. За да се издржи тоа пеколно темпо, ќе биде дозволено во текот на мечот да има пет наместо досегашните три замени.

Барселона и Реал Мадрид се во трка за титулата, но и останатите клубови имаат свои калкулации доколку продолжи сезоната во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести