Подгответе се за највозбудливата трка сезонава – Во понеделник почнува финалето на Типстер купот и битката за СТАН НА ВОДНО

Почнува одбројувањето до стартот на финалето на Типстер купот што го организира Sport Life, а ќе почне во понеделник на 10. август.

Утре ќе се знаат сите финалисти во битката за фантастичната премија СТАН НА ВОДНО што е уникатна и за која вреди да се учествува во завшницата на Типстер купот што ќе трае еден месец со финиш на 10. септември.

Во период од 30-на дена финалистите ќе треба да ги покажат сите можни вештини и мајсторлук во составување на што поголем број на добитни тикети, а најдобиот, односно шампионот за сезоната 2019/20 ќе се поднови со прекрасен дом во Скопје.

ФИНАЛЕ ЗА МЕРАК, ПОНУДАТА Е ЕКСЛУЗИВНА СО МЕЧЕВИ ОД ЛШ И ЛЕ И ОД ПЛЕЈОФОТ ВО НБА И НХЛ

За да им биде полесно на сите обложувачи што стасаа до финалето, во поголемиот дел од трката за исклучително атрактивната награда ќе имаат на располагање супер мечеви од Лигата на шампионите и од Европа Лигата, натпреварувања кои се во тек, ќе има и доста почнати првенства ширум планетата, а тука се и секогаш возбудливите мечеви од НБА и од НХЛ плејофот.

Ова лето е малку поинакво и многу побогато со врвни спортски настани, најмногу поради продолжената сезона со пандемијата од Ковид-19, па и финалистите ќе имаат многу поширока лепеза на натпревари за типување во богата понуда на Sport Life.

И како потсетување дека не е само победникот кој ќе ја земе премијата СТАН НА ВОДНО, туку и првите 10-мина ќе добијат награди.

Пласманот од второто до десеттото место носи голем број на СЛ Маркет поени, со кои можете да пазарите од понудените производи во СЛ Маркетот.

Точно 5 милиони поени ќе добие вицешампионот, а потоа наградите се по следниот редослед:

3. 3.000.000 СЛ Маркет поени
4. 1.000.000 СЛ Маркет поени
5. 500.000 СЛ Маркет поени
6. 200.000 СЛ Маркет поени
7. 100.000 СЛ Маркет поени
8. 50.000 СЛ Маркет поени
9. 40.000 СЛ Маркет поени
10. 30.000 СЛ Маркет поени

За сите обложувачи што се пласираа во финалето ќе има и ваучер од 50 денари, со услов да одиграат барем 10 тикети со СЛ картичка.

Подгответе се добро, спремете победничка стратегија и од понеделник чекајте го стартот на највозбудливата трка за награди сезонава во Македонија.

За постетување ева ја и формулата по која се пресметуваат бодовите:

P = a + 20b + 20c

„а“ = „сума на уплата по комбинација“ (ако се работи за тикет со уплата до 800 денари по комбинација), односно „а“ = уплата / комбинации, (пример: уплата од 100 денари на тикет со 4 комбинации = 25 поени);
Значи, збирот „a“ може да изнесува максимум 800 бодови
„b“ = „бројот на типувани парови” на тикет (системите во системските тикети се земаат како една комбинација)
Значи, збирот „20b“ може да изнесува максимум 800 бодови
„c“ = „коефициент на учинок“, т.е.
коеф. на учинок = (помножени погодени коефициенти на тикетот) / помножените промашени коефициенти на тикетот * (број на промашени парови на тикетот + 1)

Збирот „20c“ е ограничен на максимум 4000 бодови. Типовите пресметани со коефициент 1 не влегуваат во пресметката на параметарот „c“.

- Оглас -

Најнови вести