Подмладената Македонија сепак не успеа да ги изненади Португалците, и покрај поразот ракометарите се на добар пат да обезбедат пласман на ЕП 2024

Ракометната репрезентација на Македонија загуби со 23:29 од Португалија во третото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство што во 2024 година ќе се одржи во Германија.

Ова е прв пораз на Македонија, откако во првите две кола ги совлада Луксембург и Турција, додека Португалија го задржа максималниот учинок.

Пласман на ЕП обезбедуваат првите две репрезентации од групата 1, а Македонија се наоѓа во предност пред Турција бидејќи славеше на првиот меѓусебен дуел и тоа на гости, и на 30 април во салата „Борис Трајковски“ со победа ќе го завери пласманот на ЕП.

Селекторот Кирил Лазаров на двата дуели со Португалците не може да смета на најсилниот состав, но и подмладената Македонија одигра одчичен натпревар кој го загуби во последните десетина минути.

Натпреварот започна со голот на Иван Џонов и тоа беше единственото водство на Македонија во првото полувреме. Португалците брзо успеаја со две мини серии од по два гола и една од три гола по ред, да дојдат до предност од четири гола (4:8, 5:9).

Предноста ја задржаа до крајот на првиот дел (11:14), но во второто полувреме, избраниците на селекторот Кирил Лазаров за седум минути направија серија од 4:0 и на 15 минути до крајот поведоа со 20:19. Одговорот на Португалците беше серија од 0:4 за пет минути со која на поведоа со 20:23 која ја задржаа до крајот на средбата за конечни 23:29.

Најпрецизни во редовите на Македонија беа Филип Кузмановски и Мартин Серафимов со по пет постигнати голови, три даде Иван Џонов, а по два Контастин Петров и Ненад Костески.

Следниот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП, Македонија ќе го игра в недела исто така против Португалија.

- Оглас -

Најнови вести