Фудбалерите на Бран и Викинг вчера играа во невозможни услови, на теренот во Берген, кој буквално беше потопен од вода, по силниот дожд, но некако успеаа да го доиграат мечот.
Гостите од Ставангер беа поумешни и подобро се снајдоа на тешкиот терен и ги освоија бодовите со победа од 2:0.
Имаше многу комични ситуациии, дриблинзи и загубени дуели со водата, смешни додавања, пасови што не мрднаа повеќе од полвина метар и уште многу интересни моменти што можете да ги погледнете во видеото.