Погодена квота над 9.000, струмичанец уплатата од 100 денари ја претвори во речиси милионска добивка

Голови во првите полувремиња на шест фудбалски натпревари кои се играа низ Европа во саботата, викендов усреќија обложувач кој уплатил тикет во објект на Sport Life во Струмица.

Тикетот со уплата од 100 денари има бруто-добивка дури од 916.883 денари. На тикетот се наоѓаат шест саботни мечеви на кои е типувано дека во прво полувреме, двата тима ќе дадат гол.

Најкритичен бил мечот во Нотингам, каде што Брентфорд против Форест даде гол од пенал во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме. Останатите мечеви на кои е погодено дека ќе биде „ГГ прво“ се: Лидс – Борнмут, Вулверхемптон – Брајтон, Селта – Осасуна, Галатасарај – Бешикташ и Аталанта – Наполи.

ТИКЕТИ СО ДОБИВКА ОД НАД 2.000 ЕВРА ВО СТРУМИЧКО БОСИЛОВО

На две различни уплатни места на Sport Life во струмичко Босилово има два слични тикети со по 100 денари, кои носат бруто добивка од над 140 илјади денари.

Едниот е со добивка 141.343 денари. На овој тикет има дури 19 саботни мечеви, систем со две комбинации. Играно е на голови и секаде излезе како што посакуваше обложувачот.

На другиот тикет добивката е 147.926, а има пет меча од саботата на кои е играно Гол-Гол прво полувреме. Овој обложувач доби помош од Осиек, кој во последните секунди од првото полувреме даде гол против Хајдук во Сплит, како и од Висла Плоцк, која исто така по 45-тата минута даде гол во првиот дел против Раков.

ЈАКИ ДОБИВКИ И ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА И ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА СКОПЈЕ

Во Sport Life во Ѓорче Петров уплата од 100 денари му донесе бруто-добивка од 127.046 на играч кој типувал на пет меча од саботата, а играна е комбинација полувреме-крај со број на голови. Најголемата квота му е за играта Х-1&2-4 на мечот Барселона – Алмерија.

Во Гостивар, со 100 денари уплата во неделата, добивката изнесува 97.612 денари. На тикетот се шест неделни мечеви на кои е типувано дека домашните екипи ќе даваат од еден до три гола во двете полувремиња.

- Оглас -

Најнови вести