Погубна статистика, Меси е невидлив на гостувањата

После поразот од Кадис, Барселона е на дури 12 бода заостанување зад лидерот Атлетико Мадрид со кого има ист број на одиграни мечеви, а има само три бода повеќе од зоната на испаѓање. Каталонците не ни сонуваа вакво сценарио, но факт е дека не им оди во шпанското првенство, особено на гостувањата.

Најдобриот играч на Барса, Лионел Меси, е човекот од кој во Барса чекаат голови и да ги спасува кога не им оди, но Аргентинецот на последните 16 гостувања во лигата, има дадено само три гола. И тоа едниот небитен за водство од 4-0 на веќе одлучен меч против Мајорка, и два гола во победата над Алавес во неважен натпревар од финишот на минатата сезона.

Пад кај Меси има и во реализацијата на слободните удари. Од последните 61 изведени слободни удари од дистанца од која се шутира директно кон голот, Меси дал само еден гол.

- Оглас -

Најнови вести