Покажан е најсмешниот црвен картон во историјата на фудбалот (Видео)

На еден фудбалски меч се случи една смешна ситуација која заврши со исклучување на играч. Несреќниот фудбалер спречи контра со направен фаул од одзади, а кога судијата се фати за џебот, фудбалерот тргна кон соблекувалната и го соблече дресот. Мислеше дека средбата за него е завршена.

Но, тој не виде дека судијата не му покажа црвен, туку само жолт картон. Кога дозна, сакаше да остане на теренот, но за соблекувањето на дресот, судијата му покажа уште еден жолт, автоматски и црвен картон, па фудбалерот сепак мораше да го остави својот тим со човек помалку на теренот.

https://twitter.com/i/status/1218168595315712003

- Оглас -

Најнови вести