Покетино меѓу редови го повика Меси во ПСЖ

Маурисио Покетино утре ќе дебитира на клупата на ПСЖ на гостувањето кај Сент Етјен во рамките на 18-тото коло во Лига 1. Новиот стратег на Светците веднаш се соочува со проблеми бидејќи не може да смета на дури 11 првотимци, меѓу кои се и Нејмар, Икарди, Кимпембе и уште неколку други играчи.

Сепак, на прес-конференцијата во пресрет на дуелот против Сент Етјен, новинарите ги интересираше дали Покетино посакува Лионел Меси да потпише за францускиот првак, а тој категорично даде позитивен одговор.

„Мене Дедо Мраз веќе ми исполни една желба со тоа што дојдов да работам во овој клуб. Тука сум само неколку дена, уште се прилагодувам и се запознавам со играчите, ќе има време за разговори околу потенцијални засилувања и слично. Но, она што сигурно можам да кажам, е дека сите квалитетни и врвни фудбалери се добредојдени во ПСЖ“, порача Покетино.

Меси од 1 јули ќе биде слободен играч, а од почетокот на јануари е слободен да преговара со други клубови. Интересот секако е огромен, а покрај ПСЖ шанса за преговори чекаат и Манчестер сити, Јувентус, Интер.

- Оглас -

Најнови вести