Покетино позитивен на Ковид-19, ПСЖ ќе го водат помошниците

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен, потврди дека нивниот главен тренер Маурисио Покетино, е позитивен на коронавирус и заминал во изолација. На утрешното гостување кај Анже, екипата ќе ја водат помошниците Хезус Перес и Мигел Дагостино.

Аргентинецот Покетино кој неодамна го презеде кормилото на клубот во кој мина дел и од играчката кариера, во средата го освои својот прв трофеј (Суперкупот на Франција) со Светците, тоа му беше и прв пехар во тренерската кариера, и засега е неизвесно кога ќе може да се врати на клупата, но сигурно дека дуелот со Анже нема да биде единствениот на кој ќе отсуствува екс тренерот на Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести