Покетино: Сакам да освојам некој трофеј

Тотенхем попладнево од 18 часот на свој терен во дуел против Астон вила ќе ја започне новата авантура во Премиер лигата. Лондонскиот тим влегува како актуелен европски вицепрвак, што самото по себе говори дека се работи за состав кој е подготвен да стигне до највисок пласман.

Тренерот Маурисио Покетино јасно и гласно потенцираше дека негова голема желба е да се израдува на трофеј со Тотенхем.

„Шеста сезона сум тука и за мене успешна би била доколку освоиме некој трофеј. Карабао Купот, ФА Купот, Премиер лигата или Лигата на шампиони, не е важно кој, само да се израдуваме на трофеј. Не сакам да кажам дека е време за трофеј, бидејќи не сакам да создадам притисок во клубот. Можеби за челниците на клубот најважно ќе биде повторно да сме во Топ 4 на табелата, но јас сакам трофеј. Лани игравме финале во Лигата на шампиони, полуфинале во Карабао Купот и мислам дека е време да одиме чекор понапред“, рече Покетино.

Аргентинскиот стратег веќе четири сезони по ред го носи тимот да е во Топ 4 во Премиер лигата, а со тоа да е дел и од Лигата на шампиони, каде се добиваат и најмногу пари за учество. Минатата сезона долго време беа во потера по Манчестер сити и Ливерпул, но не успеаа да го задржат ритамот до крајот и испаднаа од трката за титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести