Пол, Букер и Краудер во акција – Го декласираа Портланд, па останаа да диригираат за победа на женскиот тим на Феникс (Видео)

Крис Пол, Девон Букер и соиграчите од Феникс санс го декласираа Портланд трејлблејзерс со 119:74 во подготвителен натпревар пред стартот на новата сезона во НБА-лигата, а само еден час потоа беа голема поддршка за дамите од Феникс меркјури во финалето во женската НБА-лига.

Особено се истакнаа Пол, Букер и Краудер, кои од зад клупата диригираа со совети за Гринер, Таураси и останатите девојки од Феникс, кои го победија Чикаго скај во возбудлив меч.

Домашниот тим славеше со 91:86 по продолженија и Феникс меркјури израмни на 1:1 против Чикаго во финалната серија за титулата.

Радоста беше голема и Феникс останува во битката за вредниот пехар откако го загуби првиот меч со 77:91.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести