Полицијата им се придружи на навивачите: Во Дортмунд ечи познатата навивачка химна (Видео)

Веќе 20-тина дена како фудбалот е „замрзнат“ во Германија, а навивачите веќе ги фаќа „криза“. Поради пандемијата со Коронавирусот, сите луѓе мора да останат во своите домови, а навивачите на Борусија Дортмунд решија да си најдат забава и во деновите кога не игра нивниот омилен тим.

Веќе неколку денови, фановите на Борусија излегуваат на своите балкони и ја пејат најпознатата фудбалска химна „You’ll never walk alone“. Тоа е песна која е заштитен знак на навивачите на Ливерпул, но ја пеат и фановите на Борусија, на Селтик и на уште неколку други холандски и англиски екипи.

Времето кога започнува пеењето на химната е точно 19:09 часот, што симболично ја означува годината на формирање на клубот 1909. Во подгревањето на атмосферата од балконите се приклучи и полицијата, која преку својот разглас ја пушташе токму оваа позната навивачка песна.

- Оглас -

Најнови вести