Половина Хрвати сметаат дека ако биде осуден, Модриќ веќе не треба да игра за репрезентацијата

Еден од најпознатите хрватски портали, „Индекс.хр“, направи анкета во која над 50.000 луѓе одговараа на прашањето дали Лука Модриќ треба да биде исфрлен од репрезентацијата ако од судот биде прогласен за виновен за лажен исказ, како што го обвинуваат заедно со Дејан Ловрен.

Во анкетата, мислењата се поделени, 51 отсто сметаат дека Модриќ не треба да биде исфрлен од националниот тим, а 49 проценти мислат дека ако Лука биде осуден за виновен, веќе не треба да биде повикуван да игра за Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести