„Пољуд“ оди под клуч: Суспендиран теренот на Хајдук до крајот на сезоната (Видео)

Екипата на Хајдук е далеку од трофејот во првенството на Хрватска, а по вчерашниот пораз од Динамо, остана и без трофејот од Купот. Актуелниот шампион на Хрватска, Динамо Загреб, само за пет дена двапати победи со идентични 0-1 на сплитскиот „Пољуд“, а тоа предизвика хаос на стадионот.

Домашните навивачи лути поради загубениот натпревар одлучија да влезат на теренот и да тргнат во физичка пресметка со гостинските навивачи. Сепак, близок контакт помеѓу навивачите не дојде, но стадионот е прилично оштетен, посебно делот на навивачката група Торцида.

Поради дивеењето на навивачите на Хајдук, натпреварувачката комисија на Фудбалскиот сојуз на Хрватска одлучи да го суспендира стадионот „Пољуд“ до крајот на сезоната, секако доколку дисциплинската комисија не донесе поинава одлука. Тоа значи дека суспензијата може да биде и пократка, но и подолга и да важи дури и за почетокот на следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести