Полуфинале на македонскиот куп: Македонија Ѓ.П – Академија Пандев, Струга ќе му биде домаќин на Силекс

Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум ќе имаат предност да играат на домашен терен во полуфиналето на националниот куп на 7. април, одлучи денешаната ждрепка.

Лавовите од Ѓорче Петров ќе им бидат домаќини на Академија Пандев, а во Струга ќе гостува Силекс. Ќе се игра само еден меч, без реванши, а на 7. април ќе се знае кои две екипи ќе бидат финалисти во битката за пехарот на 19. мај.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести