Полуфиналето од македонскиот плејоф нуди шанса за добивка

Гостивар од 18 часот го пречекува МЗТ Скопје Аеродром, а од 20.15 часот, Блокотехна е домаќин на Работнички, во денешните втори средби од плејофот во кошаркарското првенство на Македонија. Вечерашните пресметки може да расчистат некои дилеми, но може и да ги замрсат работите во битката за пласман во финалето.

Гостиварци сигурно ќе имаат огромна помош од трибините и ќе се обидат по вторпат месецов да го совладаат МЗТ во салата „Младост“. Но, „штрковите“ се доволно искусни за да не подлегнат на атмосферата и ќе дадат сè од себе да победат и да добијат шанса в петок во „Јане Сандански“ да ја завршат работата. Според квотите во Sport Life, нешто поголеми шанси му се даваат на МЗТ.

Во Негорски бањи, Блокотехна двапати сезонава го победуваше Работнички, па затоа и според квотите во Sport Life, домашните се фаворити за победа. Скопските „црвено-бели“ прилично лесно дојдоа до првата победа во оваа серија, но треба да се види како ќе се снајдат во овој ритам на играње на секое два-три дена. Доколку Работнички направи брејк и поведе со 2-0, речиси невозможно ќе биде за Блокотехна да го спречи најтрофејниот клуб да дојде до ново финале.

- Оглас -

Најнови вести