Фудбалот сè помалку интересен, трае предолго, а младите луѓе губат интерес, е пораката од претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, кој во интервју за „Атлетик“ повикува на радикални промени.
„Година по година, фудбалот ќе ја губи помладата генерација. Натпреварите се предолги, дека паузите се предолги, тоа е проблем. Помладите генерации немаат трпение да гледаат натпревар на телевизија кој има бавен ритам. Јас би го намалил полувремето од 45 минути на 25 минути. Како во кошарката, да се игра во реално време“, изјави Де Лаурентис.
Тој би го укинал доделувањето жолти и црвени картони, но дека би ги исфрлил играчите од играта за одреден временски период како во ракометот.
„Не би користел црвен и жолт картон. Би го исфрлил играчот на пет минути за фаул за жолт или на 20 минути наместо црвен картон, така тимот би имал поголем проблем. Уште една работа, има премалку голови, па затоа не е спектакуларно. Потребни се повеќе голови, затоа треба да се променат правилата“, заклучи првиот човек на Наполитанците.

