Турција мошне рано поведе со 1-0 против Македонија на пријателскиот натпревар во Истанбул. Турците се заканија уште во првиот напад, во 10-тата секунда ја погодија пречката од нашиот гол, а само што измина една минута, во 62-рата секунда, Оркун Кокчу даде гол за водство. Истиот играч ја затресе и пречката.
Ова е еден од најбрзите голови кои ги има примено Македонија.
Кокчу сезонава го носеше дресот на Бешикташ, каде што настапуваше како позајмен од Бенфика. Тој, како и сите други кои се стартери вечерва се обидуваат да се наметнат кај селекторот Монтела. Според имињата, Турција има повеќе ѕвезди на клупата отколку на теренот.
Türkiye [1] – 0 North Macedonia – Orkun Kökcü 2'
byu/playerforlife123 insoccer

