Понуда од Надал за Федерер што не се одбива (Видео)

Рафаел Надал му испрати понуда на Роџер Федерер што не се одбива, а се чека одговор од Швајцарецот за заеднички настап како дубл-партнери на Род Лејвер купот идната година.

Моментно и двете тениски ѕвезди не играат на турнирите, а Рафа преку порака на „Инстаграм“ на големиот ривал му понуди повторно да играат заедно, како што играа во 2017 година, на премиерното издание на истото натпреварување.

Тогаш на Род Лејвер купот Шпанецот и Швајцарецот беа тандем во двојки како претставници на тимот на Европа и ги победија Сем Квери и Џек Сок.

Надал и Федерер заедно со Новак Ѓоковиќ е триото со по 20 гренслем-титули, најмногу во историјата на тенисот.

Следното издание на Род Лејвер купот ќе се игра во Лондон, од 23 до 25 септември идната година.

 

- Оглас -

Најнови вести