Понуда за мерак во Sport Life како најава за Светското првенство во кошарка

Светското кошаркарско првенство утре рано наутро ќе започе во Кина. Американците се бранители на планетарната круна, но и главни фаворити за нов златен медал. Иако им откажаа повеќе од 10 НБА-играчи, САД има тим кој треба да докаже зошто најдобрата кошарка се игра во оваа земја.

АМЕРИКАНЦИТЕ ПРЕД СРБИЈА, ПА ПРАЗНО МЕСТО

Традиционално, најголем ривал на САД ќе биде Србија. Со играчи кои доминираат и во НБА-шампионатот, Србите може да победат секого, па дури и Американците. Токму затоа се и втори фаворити на турнирот. Според коефициентите во Sport Life, Американците имаат коефициент од 1.50 за освојување на златниот медал, а Србите се со коефициент 4,50. Потоа следуваат: Грција (коеф. 9), Шпанија (15), Франција (25), Австралија (35), Литванија (40), Канада (75), Аргентина (75), Италија (100), Германија (100), Русија (150), Бразил (150)…

КОИ СЕЛЕКЦИИ ЌЕ ГИ ПОМИНАТ ГРУПИТЕ?

Освен за шампионската титула, има и коефициенти за селекциите за пласман во Топ 3 на крајот.

На вакви турнири секогаш е интересно и посебен предизвик да се погодат селекциите кои ќе ја поминат групната фаза. За сите 24 селекции има коефициенти за поминување на групата. Во Sport Life може да се обложите и за тоа кој ќе биде МВП на првенството, како и за тоа кој ќе биде најдобар стрелец. Адетокумбо е прв фаворит за најдобар стрелец со коефициент 4, а потоа следи Богдан Богдановиќ со коефициент 5, Кајл Вокер (8)…

КОЛКУ ЌЕ ИМА НАЈМНОГУ ПОЕНИ, СКОКА, АСИСТЕНЦИИ, БЛОКАДИ…

Од интересните долгорочни игри може да се обложите и за тоа колку вкупно меча ќе има со продолженија, колку најмногу поени би дал еден играч на меч, најмногу скокови на еден играч на меч, асистенции, украдени топки, блокади од еден играч на меч… Може да типувате и колку најмногу поени ќе има постигнато од двата тима на еден дуел и уште многу други предизвици кои ги нуди Sport Life.

На овие долгорочни игри може да се обложите до почетокот на првиот меч, односно до утре во 9:30 наутро.

 

 

- Оглас -

Најнови вести