Понудена размена: Кепа за Облак плус пари

Познато е дека Френк Лампард се пушти во потрага по нов голман како замена за Кепа Аризабалага. Најскапоплатениот чувар на мрежата во светот потполно ја загуби довербата кај предводникот на Челзи, а со тоа му го препушти местото на искусниот Кабалјеро меѓу диреците.

Иако Сините во летото 2018 година платија 80 милиони евра за Кепа, сега се подготвени да му го понудат на Атлетико Мадрид во евентуална размена за Јан Облак. Јорганџиите би добиле и дополнителни 30 милиони евра за да го пуштат голманот кој е прогласен за најдобар во Ла Лига во изминативе пет години.

Иако двата клуба во минатото успешно соработувале при трансфери, се чини дека претставниците на лондонскиот клуб ќе треба доста да се потрудат да ги убеди челниците на Атлетико за да му дозволат на словенечкиот голман да се пресели на Островот, за кого одбиваа огромни понуди изминативе сезони. Клаузулата на Облак е 100 милиони евра, па оваа понуда од Челзи е сосема логична, а допрва ќе се види дали ќе биде и прифатена.

- Оглас -

Најнови вести