Попот како дополнителен адут на Војводина за конечно да ја победи Црвена ѕвезда

Екипата на Војводина утре на свој терен го пречекува српскиот првак Црвена ѕвезда, во заостанат меч од 5. коло на Супер лигата. По 14 одиграни меча, тимот од Нови Сад има 23 поени и е на шестото место на табелата, додека Црвена Ѕвезда е лидер со 35 бодови со 11 победи и само две нерешени од 13 средби.

За гостувањето на шампионот, Војводина имаше необична подготовка. На вчерашниот тренинг во клупските простории на Војводина се појави свештеник од црквата во Нови Сад, кој направи осветување на соблекувалните на екипата и на клупскиот автобус.

Црвена ѕвезда има 14 победи и две нерешени во последните 16 дуели против Војводина. Тимот од Нови Сад последен пат се радувал во дуело со најтрофејниот српски тим во мај 2016 година кога победи во Белград со 3:1, во првенствен дуел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FK Vojvodina (@fk_vojvodina)

- Оглас -

Најнови вести