Попович: Ќе се обидам да ги научам колку што можам

Американците се први фаворити за освојување на златниот медал на Светското кошаркарско првенство, кое на крајот од овој месец започнува во Кина. Во изминативе две недели, селекторот Грег Попович имаше многу проблеми. Двоцифрен е бројот на кошаркари кои го откажаа репрезентативниот настап, што значи дека речиси со „втор“ состав, Американците ќе одат во Кина да го бранат светскиот трон. За тоа кои се играчи на САД го откажаа учеството на Мундобаскетот, може да прочитате ТУКА.

На првата прозивка на играчите кои ќе ги бранат боите на САД, Попович рече дека ќе се обиде да ги научи овие играчи да знаат што значи да се биде дел од националниот тим.

„Постојано размислувам за тоа што сакам и за тоа што можам да направам. Ќе се обидам да ги научам колку што можам. Ова е многу повеќе од играње во НБА лигата. Ова е највисокото ниво. Треба да бидеме пример за тоа како луѓе може да се соберат, да работат заедно и да стигнат до својата цел“, рече Попович.

Подготовките во кампот ќе трајат до 17 август, а потоа селекторот ќе ги одреди патниците за Мундијалот во Кина. Американците во групната фаза ќе играат против Турција, Јапонија и Чешка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести