Станува алармантно за дрим-тимот – Милсап е десеттиот што откажа

Пол Милсап е десеттиот кошаркар што го откажа учеството на Мундијалот во Кина, па Американците ќе имаат многу проблеми да стигнат до целта и да го освојат златниот медал.

Кошаркарот на Денвер нагетс им се приклучи на Харден, Џејмс, Мекалум, Дерозан, Лилард, Гордон, Харис, Бил, Лав и Дејвис на списокот со играчи што нема да играат, иако Грег Попович ги планираше во составот на новиот дрим-тим на САД.

Подготовките на Американците почнуваат на петти август, но сè уште не се знае точно како ќе изгледа тимот по дузината откажувања.

Светското првенство во Кина почнува на 31 август, а ќе се игра до 15 септември.

- Оглас -

Најнови вести