Попович едвај го состави тимот на САД

Селекторот на САД, Грег Попович, го објави списокот од 16 кошаркари кои на 5 август ќе ги започнат подготовките за претстојниот Мундобаскет во Кина. Бем Адебајо од Мајами хит е последниот играч кој е повикан за да го пополни ростерот, откако во текот на летото откажаа голем број на ѕвезди со цел да се фокусираат за новата сезона во НБА лигата.

Американците и со тим без ниту една голема ѕвезда ќе се обиде да ја одбрани светската титула на планетарниот кошаркарски собир кој стартува на 31 август. САД во групата Е силите ќе ги одмери со Турција, Чешка и Јапонија.

Претходно се откажаа Харден, Џејмс, Мекалум, Дерозан, Лилард, Милсап, Гордон, Харис, Бил, Лав и Дејвис, а последните што одбија да играат за националниот состав се Андре Драмонд и Монтрецл Харел.

Список на кошаркари: Харисон Барнс (Сакраменто), Џејлен Браун, Маркус Смарт, Џејсон Тејтум, Кемба Вокер (Бостон), Брук Лопес, Крис Мидлтон (Милвоки), Кајл Кузма (ЛА лејкерс), Донован Мичел (Јута), Мејсон Пламли (Денвер), Џулиус Рендл (Њујорк), Пи-Џеј Такер (Хјустон), Мајлс Тарнер (Индијана) и Тадиус Јанг (Чикаго).

- Оглас -

Најнови вести