Попрво би си пукал со пиштол во глава, отколку да ги натерам играчите да се вакцинираат

Џиџи Бекали е познат како еден од најконтроверзните сопственици на еден поранешен европски првак. Бекали е газда на ФЦСБ, некогашна Стеауа, првиот клуб од Источна Европа што бил европски првак. Во изјава за романските медиуми, Бекали откри дека во неговиот тим нема да натера ниту еден фудбалер да се вакцинира против корона-вирусот.

„Кога би требало да одберам меѓу пиштол и вакцина, попрво би го зел пиштолот и би си пукал во глава. Нема да има вакцинација во мојот клуб“, рече Бекали.

Ова не е првпат Бекали да дава скандалозни изјави или да прави потези за кои зборува цела фудбалска Европа. Неодамна тој избрка двајца фудбалери кои само што дојдоа во клубот, а причината беше неочекуваната елиминација од европските купови. 

- Оглас -

Најнови вести